Синџирот На Дејзи. Owen Jones

Чтение книги онлайн.

Читать онлайн книгу Синџирот На Дејзи - Owen Jones страница 18

Синџирот На Дејзи - Owen Jones

Скачать книгу

тоа цел живот и дека било поевтино од пиво и побезбедно од

      домашна ракија. Така започнале и Моќта на цвеќето, Џими Хендрикс и

      хипиците. Поседувањето дрога беше кривичен престап во Британија, и тука

      исто, но локалната полиција го вртеше погледот.

      „Така, девојките пушеа, и делеа со клиентите... а ни доаѓаа и итри

      хипици, само за „сцената“, како што велеа тие. Беше неизбежно тоа, почнавме да снабдуваме со дрога, прво девојките, а потоа и другите. Можам

      да ти кажам дека тоа беше профитабилно!

      „Ќе испратевме комбе ’транзит‘, како за кампување, на еден месец во

      Мароко, па додека движеше низ Кетама, ќе исчезнеше една недела.

      Фармерите ќе го расклопеа возилото, ќе го наполнеа со четиристотини или

      петстотини килограми дрога и повторно ќе го склопеа. По еден ден веќе се

      продаваше тука. Во просек дававме еден грам за една фунта, така што во

      тоа време тоа беа половина милион! Сето тоа за дадени само педесет

      илјади!

      „Проблемот беше во тоа што беше толку исплатливо, па и други се

      обидоа да си пробијат пат. Со години се боревме со конкуренцијата... така го

      застрелаа Пако. Јас бев застрелан двапати, во други прилики, а уште

      десетина пати се имам спасено од повреди. Сепак, дрогата никому не

      наштети. И јас пушев, а сигурно и мајка ти има пушено пред да се земеме.

      Се оттргнавме од дрогата кога почнаа со неа да работат хемичарите. Во ред

      беше да се земе малку кокаин или спид, па дури и трип, но кога почнаа да

      ги засилуваат основните дроги, ние се повлековме.

      Сега контролата ја имаат главно Ирците и Русите, а ние ги оставаме да

      работат. Тие постојано се стрелаат или креваат во воздух... Нема фајде од

      тоа... не е за мене и за моето семејство, но нема да порекнам дека и ние го

      работевме тоа едно триесет години, ако не и подолго.

      „Што друго имаше..? Шверцувавме цигари во Обединетото Кралство, каде што владата ставаше толкави даноци, што просечниот пушач не

      можеше да си купи вистински цигари. Па, коцка... многу се занимаваме со

      тоа. Имаме локации каде што познати клиенти може да се обложуваат на

      коњски трки и слични работи... главно британски трки, иако интернетот го

      консумира и тоа... Имаме локали со стриптиз, но не сме вклучени во друг

      вид на порнографија... Не работиме со оружје, освен она за наша лична

      заштита. Може да се каже дека правиме од сѐ по малку, но ништо

      екстремно... барем не повеќе.

      „Дали ти одговорив на прашањата?“

      „Да... ми кажа многу работи за кои треба да размислувам... Можеш ли да

      ми направиш список како минатиот пат?“

      „Да, ако сигурно сакаш. Само дај ми неколку дена

Скачать книгу