Синџирот На Дејзи. Owen Jones
Чтение книги онлайн.
Читать онлайн книгу Синџирот На Дејзи - Owen Jones страница 3
британската мафија се беше преселил на Коста дел Сол, со намера да се
откаже од стариот криминален живот, но тоа им се беше здосадило, па му
се беа навратиле. Некои едноставно ги водеа старите операции во
Британија од далечина, а некои се трудеа да се наметнат на локалната
заедница, на што Шпанците и останатите се противеа. Тоа често водеше до
насилство. Некогаш победуваа Британците, а некогаш не.
Џон се имаше откажано од сѐ во Британија, но имаше низа
профитабилни бизниси во Шпанија за кои постепено губеше интерес, иако
како зависник од работа и како човек кој нема наследник а повеќе ниту
жена, мораше да продолжи со работа. Беше женет три пати и имаше многу
љубовници. Некои од љубовниците тврдеа дека носат негово дете, но тој
никогаш немаше преземено одговорност затоа што очекуваше еден ден да
има законски наследник. Меѓутоа, тој ден не дојде, па со неговите години, веќе одамна се имаше откажано од надеж.
Тој планираше да ја обезбеди Тереса, исто како неговите „вистински“
жени, а повремено размислуваше останатото да го остави на добротворна
организација за жени од социјална категорија. Тој и татко му имаа удел во
создавањето такви околности за многу жени, па тоа се чинеше правично.
Татко му на Џон, по кого овој го имаше добиено името, и покрај тоа што
татко му првично бил Шон, го пратила неговата мајка во Лондон од Даблин
за да го спречи да не стане дел од востанието што го водело Ирското
републиканско братство, за кое се ширеле гласини во кругот на
информираните од крајот на 1914 година. Планирале да ја искористат
опсежната вмешаност на Британија во Првата светска војна, а Германија им
понудила оружје ако може да организираат некаков бунт. Таа се загрижила
за неговата безбедност откако некој пријател ѝ кажал дека Џон сериозно
размислува да стане дел од „каузата“ – да се обедини Ирска и да се отараси
од влијанието од Вестминстер.
Првата година од Првата светска војна, тој беше ситен криминалец во
Ист Енд во Лондон, но живееше во соба од куќа каде што сместуваа жени
бегалци од Белгија. Во Обединетото Кралство имаше стотици илјади
бегалци од Белгија, од кои повеќето беа жени и деца. Тој имаше забележано
дека многу од нив мораа да се продаваат за да можат да се издржуваат, па
препредено позајми доволно пари од лихвар за да изнајми куќа, која ја
користеше како бордел. За една недела имаше десет белгиски млади жени
и девојчиња кои живееја и работеа таму по цел ден, а за една година имаше
десетина