Синџирот На Дејзи. Owen Jones

Чтение книги онлайн.

Читать онлайн книгу Синџирот На Дејзи - Owen Jones страница 11

Синџирот На Дејзи - Owen Jones

Скачать книгу

што ќе откријам. За некои

      можеби ќе треба повеќе време.“

      Џон кимна со главата во согласување. „Јас ќе одам со мојата кола, а ти

      можеш да одиш со твојата. Штом ќе те запознам, ќе си се вратам на мојата

      работа, а исто и ти. Дали може така?“

      „Секако, одлично би било. Нема потреба да ме чекаш и да вртиш со

      палците.“

      ∞

      Прва на список, што требаше да ја посети во единаесет часот, беше

      „Камбио“ – менувачница за девизи и травелер-чекови на крајбрежјето во

      Лос Боличес, на триесет минути северно од Марбеља.

      Додека возеа натаму секој во својата кола, Дејзи му објасни на татка си

      за што се грижи преку телефонот со хендсфри-технологија.

      „Тешко им оди, тато. Киријата е висока како за киоск, а повратот е

      занемарлив. Можеби е исплатливо да се затвори овој бизнис и да се

      реинвестираат средствата на друго место.“

      „Полека, девојче. Забави. Твојата задача е да истражуваш. Прво мора да

      ми донесеш истражување, а потоа ќе решиме што ќе правиме. Немој да ми

      ги затвораш бизнисите пред да разговараш прво со мене. Јасно ли е?“

      Таа не го мислеше тоа така, но за памет ѝ беше дека треба да ги бира

      повнимателно зборовите кога разговара за чувствителни прашања. Се

      извини. „Извини, тато. Погрешно се изразив. Размислував на глас.“

      „Тогаш тоа е уште една работа што треба да ја научиш. Биди

      претпазлива кога кажуваш пред други што мислиш. Тоа е прифатливо со

      мене и со мајка ти, но во никој случај не е со некој друг. Тоа е како да им ги

      покажеш картите на другите. Будалесто.“

      „Добро, тато. Те сфаќам јасно и гласно.“ Всушност, таа тоа го знаеше

      одамна, но сметаше дека не се однесува на нејзините родители, како што

      тој сега посочи. Меѓутоа, очигледно се однесуваше, така што научи уште

      една лекција.

      Џон ја запозна ќерка си со Пако, којшто управуваше со малото дуќанче, зеде филџан кафе и потоа ги остави да работат. Пако и Џон имаа меѓусебен

      однос како на стари пријатели, но кога вториот си замина, првиот стана

      претпазлив пред Дејзи.

      Таа го прашуваше за бројот на трансакции во еден ден и за нивната

      просечна вредност, за најпрометните периоди, како и за најпрометните

      денови. Таа веќе ги имаше информациите до, и заедно со, претходниот

      квартал, но сакаше да види колку е запознаен Пако.

      Во четиринаесет часот одглуми дека е гладна и одвози. Меѓутоа, своето

      фалбаџиско порше го одвезе само подалеку од видокругот, а потоа пеш се

      врати во еден ресторан на плажата, дијагонално отспротива од киоскот, носејќи шамија на главата и очила за сонце, како маска на божемна

      старлета.

Скачать книгу