Синџирот На Дејзи. Owen Jones
Чтение книги онлайн.
Читать онлайн книгу Синџирот На Дејзи - Owen Jones страница 12
што се чини дека Пако ја губи контролата врз фирмата, тој е искрен, и
вистински работи во сето пријавено време. Меѓутоа, концернот едвај вади
профит затоа што, под а) на луѓето им одговара да повлекуваат локална
валута директно од своите банкарски сметки со помош на картичка и под б) продажбата на травелер-чекови е со години во опаѓање, па тоа се одразува
на профитот.
„Ако се водиме според мотив заснован на профитот, разумно е да се
затвори концернот. Повратот може да се инвестира во некој од другите
бизниси, но сѐ уште не можам да кажам кој.“ Таа седна, додека мајка ѝ ѝ
аплаудираше.
„Зар не го прочита Дејзи ова добро, Џони? Како вистински
професионалец... и да не заборавиме: „Подобро да се спречи, одошто да се
лечи! Постојано го велам тоа.“
Обајцата ја погледнаа, кимнаа со главите, се насмевнаа и потоа се
погледнаа меѓу себе. Дејзи се надеваше на пофалба, но знаеше дека не
треба да ја очекува.
„Ти благодарам, Дејзи“, одговори Џон по неколкуминутно размислување.
„Мислам дека ти е точна анализата. Сепак, начелно ти е точна. Дали
забележа нешто во врска со Пако?“
„Беше исцрпен, ако мислиш на тоа.“
„Да...нозете му се осакатени. Тој е, како што велиш, исцрпен. Тереса, се
сеќаваш на Пако? Типот што ја води менувачницата во Лос Боличес?“ Таа
кимна и ѝ се насолзија очите.
„Како е прекрасниот човек, Џони? Добро ли е?“
„Да, мила, добро е. Дејзи цела недела се дружеше со него...“
„Баш си добра, Дејзи! Немој да го заборавиш чичко Пако.“
Дејзи беше збунета. Претходно не беше слушнала за ’чичко Пако‘ „Кој е
тој, тато?“
„Ќе ти кажам кој е, пиле. Тој работеше со Тони. Еден ден, еден човек се
обиде да ме нападне со оган од митралез, додека излегував од кола во
Фуенхирола. Мајка ти уште беше внатре, а Пако ми ја држеше вратата да
излезам. Тој ме турна внатре и прими пет куршуми во нозете.
„Пет куршуми наменети за мене, а можеби дури и за мајка ти. Јас, ние, му ги должиме животите на Пако. Тој потоа стана исцрпен, како што со
право велиш ти, па го ставивме да води мал бизнис за да има приход и
каква-таква почит.
„Ова го велам не како критика на твојата работа, која фактички е
прецизна, но Пако е доживотно вработен… Тој вади и мал профит, кој јас и
мајка ти го ставаме во фонд за него, за пензија, за кој тој не знае.“
Дејзи имаше чувство дека ја наместиле да не успее, но се утеши од
фактот дека чесно се потрудила да го анализира бизнисот во рамки на
сознанијата што ѝ беа доверени.